24фудбал

Жиру само под еден услов во Милан

Клубот од Милано не отстапува од намерата да го ангажира Французинот, меѓутоа тоа ќе го стори само под еден услов, за што се шпекулира дека наводно неговите агенти уверувале дека таквиот услов ќе се реализира.

Италија

Во текот на вчерашниот ден агентите на напаѓачот Оливие Жиру оствариле средба со челниците на Милан околу можноста за Французинот да се пресели во редовите на „Росонерите“.

На средбата повторно било посочено дека клубот од Милано нема намера да исплаќа обештетување за 34 годишниот напаѓач кој има уште една година договор со Челси.

Постои само еден услов за Милан да го ангажира Жиру, а тоа е Французинот да биде ослободен од Премиерлигашот без обештетување, во спротивно нема да има договор.

Сево ова беше најавено уште во април по првичните контакти, а сега и потврдено, но во Италија шпекулираат дека агентите на напаѓачот ги уверувале во Милан дека Жиру ќе биде ослободен без обештетување доколку пристигне понуда за него вон Островот, но би било потребно обештетување доколку се работи за клуб од Премиерлигата, како во примерот со Вест Хем кој пријави интерес.

„Скај Спорт Италија“ извести дека агентите на Жиру и Милан веќе ги дефинирале условите од две годишниот договор на Французинот, за кого се чека и зелено светло од Челси.