24фудбал

УЕФА се уште не одобрила зголемување на капацитетот за мечевите во Букурешт

Според романските медиуми, Владата на Романија синоќа одобрирла зголемување на капацитетот на 50 проценти на стадионот во Букурешт, но УЕФА засега останува на одлуката за 33 проценти.

ЕВРО 2020

Романија синоќа донела одлука да се зголеми капацитетот на Националната арена во Букурешт за натпреварите на ЕП, од 33% на 50%, односно да биде дозволен влез на 27.000 гледачи.

Тоа е добра вест за македонските навивачи бидејќи ќе можат во поголем број да ги бодрат нашите фудбалери, сепак оваа одлука треба да се одобри и од УЕФА.

Од УЕФА засега нема информација за зголемување на капацитетот, тие остануваат на 33% од капацитетот на стадионот, но не се исклучува можноста наскоро да ја прифатат одлуката на романската Влада.