24фудбал

Пике ќе остане во Барселона и во новата сезона, но со помала плата

34 годишниот стопер има активен договор со Каталонците со важност до 2024 година, меѓутоа со оглед на актуелната финанска криза на клубот, потребни се кратења на трошоците.

Шпанија

Џерард Пике е на повидок да остане во Барселона и во новата сезона, со тоа што постигнал договор со претседателот на клубот, Жоан Лапорта околу предвиденото намалување на платата.

34 годишниот фудбалер има плата од 16 милиони евра на годишно ниво на „Камп Ноу“, но според тоа што го наведува „АС“, Пике нема да си замине ова лето, напротив, прифатил помала плата во наредните 12 месеци од неговиот договор.

Се верува дека потегот на Пике ќе го следат и Жорди Алба, како и Серхио Бускетс.