24фудбал

Јувентус на Арсенал му го нуди Ремзи за Бељерин

Италијанскиот клуб сака да се ослободи од обврските со Ремзи кој не успеа да се наметне во редовите на „Старата дама“, па се верува дека би можел да се врати во Арсенал.

Италија

Екипата на Јувентус според неофицијалните информации кои пристигнуваат се вели дека го нуди Арон Ремзи на Арсенал, а за возврат го бара Ектор Бељерин.

„Спорт“ пишува дека Ремзи би можел да се врати во Северен Лондон по две разочарувачки сезони во клубот од Торино.

30 годишниот Велшанец мина цели 11 години во Арсенал пред да си замине од тој клуб како слободен играч на трансфер пазарот во 2019 година, а Бељерин освен Јувентус, интересен е уште и за ПСЖ, Атлетико Мадрид и Виљареал.

26 годишниот шпански бек има активен договор со Арсенал со важност до 2023 година, а произлезе од академијата на „Топчиите“, а беше дел и од младинскиот погон на Барселона.