24фудбал

Секој нов обид за Суперлигата, Премиерлигашите ќе ги чини одземање на 30 бода

Обата клуба од Манчестер, како и Челси, Арсенал, Ливерпул и Тотнем нема да се соочат со одземање на бодови за изминатата сезона, како што бараа некои од 14 останати клубови во Премиерлигата.

Останато

Премиерлигата парично ќе ги казни шесте клуба кои беа дел од плановите за Европската Супер Лига, а истата ќе изнесува генерално околу 22 милиони фунти, меѓутоа условот кој го добија клубовите за во иднина веројатно нема ниту да помислат понатаму за едно такво натпреварување.

Секој нов обид за слично сценарио ќе им донесе на клубовите од Премиерлигата парична казна во висина од од 20 милиони фунти, но, и одземање на цели 30 бода, со тоа што практично како за пример, Арсенал (61) во една таква ситуација изминатата сезона би бил на само три бода од преселба во понизок ранг, односно Чемпионшип дивизијата.

Паричните средства кои ќе бидат собрани од казните за шесте клуба, на Островот ќе ги пренасочат во развој на младинските школи, односно грасрут програмата, а ќе бидат прераспоредени и за општествени добра.