Категорија: Италија 09.06.2021 15:42
Челси наводно се израмнил со понудата на ПСЖ за Ашраф Хакими вредна 56 милиони фунти, со тоа што се шпекулира дека Интер не сака ниту да помисли за продажба на Мароканецот за сума под 80 милиони евра.
Се верува дека во Челси подготвуваат да приклучат и фудбалер во понудата до Интер, со тоа што се размислува околу Емерсон Палмиери и Андреас Кристенсен.
Голем е интересот за фудбалерот кој изминатата сезона во освоената титула на „Нероаѕурите“ во Серија А учествуваше со седум погодоци, но и десет асистенции на 37 настапи.