24фудбал

Во Барселона размислуваат за Стерлинг

Изминатата сезона Стерлинг запиша десет погодоци, но и осум асистенции зад своето име во освоената титула на „Граѓаните“ во Премиерлигата.

Шпанија

Во Барселона наводно размислуваат да повлечат потег за ангажман на Рахим Стерлинг од Манчестер Сити, со тоа што Каталонците кројат планови како да почнат со новата ера на клубот.

Стерлинг имаше топло-ладна сезона во дресот на „Граѓаните“ сезонава под кормилото на Пеп Гвардиола каде не се изнаигра, а во Барселона веруваат дека имаат можност да ги соберат потребните средства за реализација на овој трансфер.

„Спорт“ пишува дека Стерлинг е број еден опцијата на Барселона за ангажман на звучно име, а Каталонците наводно се отворени и на можноста во понудата за англискиот репрезентативец да вметнат и фудбалер за трампа.

Во Стерлинг Каталонците гледаат идеална алтернативна опција за Осман Дембеле, чиј договор веќе влезе во последната година, а што се однесува пак до Стерлинг, неговиот договор со англискиот првак истекува во 2023 година.