24фудбал

Лацио на необичен начин го најави Сари: Кој има запалка? (ФОТО)

Се' поизвесно е дека искусниот италијански фудбалски стратег ќе го преземе кормилото на Лацијалите, кои на еден мошне необичен, но и интересен начин го најавија новиот тренер.

Италија

Се уште нема ништо официјално околу назначувањето на Маурицио Сари за нов тренер на Лацио, меѓутоа клубот од Рим најде начин како да ги „размрда“ своите навивачи откако индиректно, а речиси директно го најави Сари.

Дека официјалното назначување и промоција на Сари е на повидок, Лацио најави објавувајќи цигара на дел од фотографиите, но и постави прашање до јавноста: Кој има запалка?



И повеќе од јасна е пораката на Лацијалите, во однос на стравствениот пушач Сари, кој за време на својот престој на клупата на Челси мораше да пронајде алтернативно решение поради строгата забрана во Премиерлигата.

Се верува дека Сари потпишал договор со Лацио со кој се обврзал на верност со клубот до 2023 година.