24фудбал

„Лидс сака да ангажира фудбалер кој ќе биде еден од најдобрите во светот“ (ФОТО)

Во период кога се уште не се што ќе се случи со Алиоски и Лидс, од причина што договорот на популарниот „Џани“ истекува овој месец, клубот од „Еланд Роуд“ е загреан за услугите на Елмас.

Македонија

Лидс покажал интерес за ангажман на нашиот репрезентативец и член на Наполи, Елиф Елмас, пишува „Атлетик“, со тоа што овој медиум додава дека аргентинскиот фудбалски стратег Марсело Биелса би посакал да го види Македонецот на „Еланд Роуд“.

Во дел од објавата на „Атлетик“, односно најавата за претстојното Европско првенство на кое учество ќе има и Македонија, во делот за Елмас медиумот пишува:

Тој е клучен во операцијата на Македонија, меѓутоа на моменти вон изборот на Гатузо во Наполи изминатата сезона, Елмас сигурно ќе го искористи Европското првенство за да покаже што знае и умее со топката“.


извор: footballfancast.com

Пренесувајќи ја истата вест, HITC излезе со наслов: Лидс посакува да ангажира фудбалер од средниот ред вреден 14.5 милиони фунти кој ќе стане еден од најдобрите во светот.


За услугите на 21 годишниот македонски виртуоз со фудбалската топка претхосно се шпекулираше дека интерес имаат пријавено Бенфика и Борусија Дортмунд.

Интересно е тоа што фудблската опсерваторија „ЦИЕС“ го има проценето Елмас на цели 43 милиони фунти, а нашиот репрезентативец инаку има активен договор со Наполи со важност до 2025 година.