24фудбал

Барселона му се заканила на Дембеле дека цела сезона ќе дреме на трибини

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Осман Дембеле мора да најде решение за својата иднина ова лето или во спротивно ризикува целата сезона да ја помине на трибини.

Шпанија

Осман Дембеле има уште една година од договорот со Барса, Жоан Лапорта сака да ја продолжи соработката со Французинот, остварен е контакт со агентите но преговорите тапкаат во место, па има многу прашалници за иднината на напаѓачот.

Медиумите од Шпанија сега пренесуваат дека раководството на „каталонците“ ќе му постават ултиматум на играчот, или ќе прифати нов договор или ќе мора да си најде нов клуб во летниот преоден рок.

Минималната цена за која Барселона ќе го продаде Осман Дембеле е 50 милиони евра, речиси три пати помалку од сумата за која беше купен (105 милиони евра плус додатни 40 милиони евра во бонуси од кои 30 милиони евра се веќе активирани).

„Каталонците“ исто така му порачале на Французинот дека ризикува цела сезона да дреме на трибини доколку помисли да замине беспари, односно да не прифати ниту нов договор, ниту трансфер.

Се шпекулира дека ПСЖ веќе размислува за оваа идеја, односно да го ангажира Осман Дембеле во 2022 како слободен играч.