24фудбал

Мбапе: Ернандез ме повика во Баерн Минхен, тоа е еден од најдобрите пет клуба во светот

Не е тајна дека секој гигант би го посакал Мбапе во својот тим, а младиот француски напаѓач открива за една „понуда“ од страна на свој соиграч од репрезентацијата во вид на совет.

Германија

Килијан Мбапе открива дека неговиот соиграч од репрезентацијата на Франција, како и член на Баерн Минхен, Лукас Ернандез го советувал да се пресели во Германија и да го облеќе дресот на „Баварците“.

Лукас ми рече дека јас би требало да заминам во Минхен и да играм за Баерн“ рече Мбапе за „Билд“.

Тие се едни од најдобрите пет клуба во светот, за една работа навистина можам да им честитам, а тоа е поради начинот на кој менаџираат да останат на нивото на квалитет секоја година“ додаде напаѓачот.

Тие едноставно знаат многу добро што прават, имаат јасен концепт на работа кој ги прави голем клуб, а да, тие се секогаш фаворити за секој трофеј, јас секогаш треба да го победам Баерн Минхен во иднина доколку сакам да се борам за трофеј“ нагласи Мбапе.