24фудбал

Соиграч на Чурлинов во Штутгарт користел лажен идентитет под уцена

Неговата фудбалска приказна почнува на улиците во Киншаса, каде е забележан на 12 годишна возраст од „Блек Маунтајн Спорт“, академија креирана од поранешниот француски фудбалер Николас Ањелка.

Германија

Напаѓачот на Штутгарт, Силас Вамангитука јавно ја обзнани сторијата за себе во која тој под уцена се претставувал со лажно име, но и возраст, а сето тоа изрежирано од неговиот агент, инаку Белгиец кој ги променил неговите лични податоци и презел целосна контрола на неговата банкарска сметка, но и пасош.

Вистинското име на фудбалерот всушност е Силас Капомпа Мвумпа, роден во 1998, а не 1999 година, за што Мвумпа тврди дека не можел да говори на оваа тема плашејќи се за безбедноста на неговото семејство во Конго.

Изминативе години живеев под постојан страв, бев многу загрижен за моето семејство во Конго, ова е еден навистина голем чекор, но и тежок за мене да ја кажам вистината“ вели тој.

Се осмелив да ја кажам приказната јавно по поддршката која ја добив од моите советници, увидов дека веќе нема причина зошто се уште би се плашел, можеме заедно да поминеме низ сево ова“ додава интернационалецот од Конго.

Не би собрал храброст да го преземам овој чекор доколку мојот клуб Штутгарт, но и генерално гледано Бундеслигата не станеше мојот втор дом каде се чувствувам безбедно, денеска сум безбеден, се надевам дека истовремено со овој потег ќе можам да ги охрабрам и останатите кои имаат слични проблеми со агентите, премногу сум му благодарен на Штутгарт за сета доверба и поддршка која ја добив изминатиов период“ заклучи напаѓачот.

Инаку, фудбалерот на Штутгарт, кој е соиграч на нашиот Дарко Чурлинов, изминатата сезона на 25 настапи успеа да постигне 11 погодоци, но и пет асистенции.