24фудбал

Милан со полни раце работа во преговорите со Челси, освен за Жиру и Томори, ќе преговара и за Зијеш?

Се шпекулира дека предводникот на „Росонерите“, Стефано Пиоли е голем обожовател на играта на Мароканецот, а Челси наводно е подготвен да ги разгледа понудите за него.

Италија

Милан го пикирал Хаким Зијеш за летниот преоден рок, а воедно клубот од Милано е подготвен да седне на маса со Челси за да преговара за ангажман на фудбалерот.

„Скај Спорт Италија“ и „Газета дело Спорт“ пишува дека особено Пиоли е голем обожовател на играта на Мароканецот, за кого наводно Челси е подготвен да ги разгледа понудите.

Истовремено, се шпекулира дека Милан нема намера да исплаќа обештетување за ангажман на Оливие Жиру, меѓутоа се работи на тоа да се склучи договор за целосно откупување на договорот за дефанзивецот Фикајо Томори, што значи дека „Росонерите“ имаат полни раце работа со Челси.