24фудбал

Атлетико Мадрид на Манчестер Сити му го нуди Саул за Бернардо Силва

Не е ништо ново интересот на „Јорганџиите“ за потписот на Португалецот од редовите на англискиот првак, а шпанскиот шампион веќе има и понуда за трампа.

Шпанија

На повидок е трампа помеѓу англискиот и шпанскиот првак овој летен преоден рок, со тоа што во истата би биле инволвирани Саул Нигез, односно Бернардо Силва.

26 годишниот Саул е пред заминување од редоивте на Атлетико Мадрид ова лето, а долга е листата на заинтересирани клубови за неговиот потпис, меѓу кои Манчестер јунајтед, Челси, Јувентус, ПСЖ, Баерн Минхен, но и Манчестер Сити.

Се верува дека цената за Саул изнесува околу 60 милиони фунти, меѓутоа „Тајмс“ тврди дека Атлетико Мадрид му понудил на Манчестер Сити трампа за да се склучи договорот со оглед на големите финансиски проблеми во кои се наоѓа општо фудбалот поради пандемијата со коронавирусот.

Од друга страна пак, Бернардо наводно е фрустриран од случувањата во Манчестер Сити, најмногу поради честите ротации на Пеп Гвардиола, па поради тоа дури побарал и да си замине ова лето.