24фудбал

ПСЖ ќе го позајми Донарума во Серија А, но не во Милан

„Л’Екип“ извести дека Џанлуиџи Донарума ќе потпише со ПСЖ, меѓутоа би можел да остане во Серија А и натаму за да остане во текот со минутажата, а тоа би се реализирало со испраќање на позајмица на младиот голман.

Франција

Францускиот медиум додава дека Донарума ќе потпише петгодишен договор со францускиот вицепрвак вреден 60 милиони евра, вклучително и бонуси во истиот.

Весникот известува дека спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо не сака да ја пропушти приликата да го договори еден од најдобрите голмани во моментов, и тоа како слободен играч на трансфер пазарот.

Донарума во голема мера му помогна на Милан да се врати во Лигата на шампионите, меѓутоа неговиот договор со „Росонерите“ истекува овој месец, а откако стана јасно дека нема да дојде до продолжување на соработката, клубот од Милано го ангажираше Мајк Мењан од Лил.

Се верува дека Кејлор Навас и натаму ќе остане прва опција на голот на ПСЖ, а „ЛЕкип“ подвлекува дека за да се избегнат проблеми на таа тема, на Донарума ќе му биде дозволено да замине на позајмица, а се споменува Рома како заинтересиран клуб под кормилото на Жозе Мурињо, за што денеска се шпекулираше дека кај Римјаните навондо прва опција за таа позиција е Руи Патрисио од Вулверхемптон.