24фудбал

Сари го посакува Лофтус-Чик во Лацио

Изминатата сезона фудбалерот од средниот ред ја помина на позајмица во редовите на Фулам кој испадна од Премиерлигата, а во новата сезона би можел да се пресели во Лацио.

Италија

Маурицио Сари посакува Лацио да испрати барање до Челси за позајмица на Рубен Лофтус-Чик, 25 годишниот фудбалер кој не е во плановите на Томас Тухел во таборот на шампионот на Европа.

Промоцијата на Сари во Рим се очекува да се случи наредните неколку денови, а фокусот ќе биде ставен на стратегијата на Римјаните во однос на трансфер политиката.

„Скај Спорт Италија“ тврди дека Лофтус-Чик котира високо на желбите кај Сари за засилувања, а тој имаше и повеќе од солидни перформанси под кормилото на Сари во Челси претходно, постигнувајќи 10 погодоци, но и пет асистенции на 40 настапи во сите конкуренции.