24фудбал

Дури и Де Брујне би можел да му подзавиди на Хумелс за неговата асистенција (ВИДЕО)

Искусниот стопер е повратник во тимот на „Панцирите“ кои синоќа испратија моќна порака до ривалите на претстојното Европско првенство со убедлива победа на последната контролка пред турнирот.

Останато

Германија со висока и убедлива победа од 7-1 против Летонија на вистински начин се загреа пред големите возбудувања на Европското првенство, а одлична партија на синоќешниот меч имаше Матс Хулемс.

Искусниот стопер во самата завршница од првиот дел приреди една вистинска мајсторија од асистенција во голот на Гнабри, а на овој негов потег би можел да му подзавиди дури и еден од најдобрите фудбалери во однос на асистенциите, ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне.