24фудбал

Интер не отстапува од бараната сума за Хакими, ПСЖ мора да додаде 20 милиони евра во понудата

Во Интер се категорични во намерата да ги дуплираат вложените средства за Хакими, па така Мароканецот не може да си замине од Милано за понуда помала од 80 милиони евра.

Франција

Интер одново го предупреди ПСЖ дека понудата од 60 милиони евра не е доволна како обештетување за потписот на Ашраф Хакими, со тоа што тој нема да биде ослободен за понуда помала од 80 милиони евра.

„Скај Спорт Италија“, како и „Спорт Медијасет“, но и други известија дека во Интер се одлучни во намерата да го задржат Мароканецот во своите редови доколку не им се укаже прилика да ги дуплираат вложените средства за него кои беа потрошени пред една година.

22 годишниот Хакими дојде во Интер од редовите на Реал Мадрид за сума од 45 милиони евра лани во септември, а беше еден од клучните во освојувањето на Скудетото изминатата сезона, со тоа што постигна седум погодоци, но запиша и 11 асистенции во 45 натпревари во сите конкуренции.