24фудбал

Барса „изгоре“ со Вајналдум, па го пренасочи вниманието кон Пелегрини

Италијанецот индивидуално имаше одлична сезона во дресот на „Римската волчица“ во Серија А со седум погодоци и шест асистенции на 34 натпревари, меѓутоа веќе влезе во финалната година од договорот со италијанскиот прволигаш.

Шпанија

Сепоизвесно е дека Џини Вајналдум ќе се пресели во редовите на ПСЖ, иако Барселона подолг период се поврзуваше со ангажман на Холанѓанецот, меѓутоа на крајот Каталонците веројатно извисија, а сега го пренасочија вниманието кон Лоренцо Пелегрини од Рома.

Се верува дека ситуацијата со Вајналдум излезе како изненадување за Каталонците, тој наводно го променил своето мислење по новата понуда која ја добил од ПСЖ, а „Скај Спорт Италија“ извести дека фудбалерот од средниот ред ќе потпише договор со францускиот вицепрвак со важност до 2024 година.

Како и да е, „Диарио“ наведува дека алтернативната опција за Вајналдум во Барселона ја гледаат во Пелегрини, кој инаку има откупна клаузула во висина од 30 милиони евра во својот договор со „Римската волчица“.