24фудбал

Украина со убедлива победа против Кипар во последната контролка пред ЕП (ВИДЕО)

Нашиот противник во групната фаза од претстојното Европско првенство беше доста расположен во контролката со Кипар која е последна пред самиот европски турнир.

Останато

Украина запиша убедлива победа од 4-0 над Кипар, а по првите 45 минути игра победничкиот табор имаше водство од 2-0, но и играч повеќе уште во тој период од пресметката во Харкив.

Најпрво Панајоту во 36 минута доби директен црвен картон, за Јармоленко да ја искористи укажаната прилика и успешно да бие од белата точка за почетно водство на Украинците кои во самата завршница од првиот дел преку Зинченко ја дуплираа предноста.

Во второто полувреме, Јаремчук во 59, односно Јармоленко со својот втор гол на мечот, овој пат во 65 минута ги поставија конечните 4-0 за Украина со која Македонија ќе ги одмери силите на 17 јуни.