24фудбал

Ал-Келаифи: Барса посакуваше да го врати Нејмар, но дали и тој го сакаше истото? Не!

Првиот човек на ПСЖ ја коментираше и ситуацијата со Килијан Мбапе кој влезе во завршната година од договорот со клубот, на оваа тема тој јасно наведе дека ниту ќе го продадат напаѓачот, ниту пак тој ќе си замине без обештетување.

Шпанија

Претседателот на францускиот вицепрвак ПСЖ, Насер Ал-Келаифи откри за јавноста дека постои контакт со првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, за ангажман на Аргентинецот, меѓутоа додаде и дека Каталонците постојано се обидувале да го вратат назад во тимот Нејмар.

Му реков на Лапорта дека Меси е кон крајот на својот договор, како и тоа дека сите клубови имаат право да разговараат со него“ изјави тој за „ЛЕкип“.

Сите големи фудбалери сакаат да дојдат во ПСЖ, а јас тоа го велам за работите да бидат јасни за сите, не само да коментирам околу Меси“ додаде тој, а потоа нагласи и дека Каталонците постојано сакале да го вратат Нејмар.

Барселона секогаш посакуваше да го врати Нејмар назад во тимот, меѓутоа дали Нејмар го сакаше истото? Не“ заклучи тој.