24фудбал

Раниери би можел да го преземе кормилото на Лил

Новиот француски шампион наводно е во преговори со искусниот италијански фудбалски стратег кој би можел да го наследи Кристоф Галти.

Франција

Неизвесноста околу Галти веќе заврши, тој се раздели со Лил по фантастичната сезона со овој клуб во Лиг1 каде со освоената титула му пркосеше до последен момент на гигантот ПСЖ,  а тоа на крајот заврши успешно, а веќе се шпекулира околу новиот предводник на таа екипа.

Во Лил веќе почнале да ги разгледуваат потенцијалните негови наследници, а еден од нив е наводно Клаудио Раниери, за што „Тутоспорт“ тврди дека опција е само звучно тренерско име за таа позиција.

69 годишниот фудбалски стратег си замина од клупата на Сампдорија, а иако се верува дека засега нема договор со Лил, дополнително голема е веројатноста обете страни да најдат заеднички јазик на крајот.

Сампдорија заврши на деветото место на табелата во Серија А изминатата сезона, меѓутоа Раниери и покрај тој учинок по средбата со челниците на клубот се договори за разделба.