24фудбал

Ал-Келаифи: Мбапе останува во ПСЖ, никогаш нема да го продадеме

Засега ништо од преговорите помеѓу ПСЖ и Мбапе за нов договор и продолжување на соработката помеѓу обете страни, а повеќето гиганти одблизу ја следат состојбата за вредниот потпис на младиот фудбалер.

Франција

22 годишниот фудбалер на францускиот вицепрвак ПСЖ, Килијан Мбапе веќе влезе во финалната година од својот актуелен договор со клубот од Париз, а за неговата иднина постојано се шпекулираат разни сценарија.

Едно од повеќето сценарија секако е негов трансфер во Реал Мадрид, меѓутоа првиот човек на ПСЖ, Ал-Келаифи упати директна порака во однос на темата со фудбалерот.

Сакам да бидам јасен во ова, Килијан Мбапе ќе остане во Париз, ние никогаш нема да го продадеме, но и никогаш нема да дозволиме да си замине без обештетување“ изјави Ал-Келаифи.

Инаку, пред извесен период францускиот напаѓач јасно наведе дека посакува солиден проект околу себе бидејќи неговата цел е на високо ниво во својата кариера.