24фудбал

Емотивно обраќање на Арнаутовиќ: Ги немав видено моите деца неколку месеци (ВИДЕО)

32 годишниот напаѓач, член на кинески Шангај, поради повреда ја пропушти контролката со Англија во која Австрија загуби минимално, но во завршната фаза е неговата рехабилитација.

Останато

Селекцијата на Австрија која инаку е наш прв противник на претстојното Европско првенство утре на програмата ја има последната контролка пред европскиот турнир, а ќе ги одмери силите со Словачка.

Напаѓачот на Австријците, Марко Арнаутовиќ имаше доста емотивно излагање на пресконференцијата, со тоа што нагласи колку е среќен што е повторно дел од националниот состав.

Додека бев во Кина, не можев да си ги видам сопствените деца и семејство неколку месеци, животот го гледав со поинакви очи, не беше воопшто лесно, морав низ сето тоа да поминам“ рече напаѓачот низ насолзени очи.

Затоа сум среќен што сум повторно во Австрија, ќе дадам сеод себе за својата земја и моето семејство да ги направам среќни“ додаде Арнаутовиќ кој во март не беше во можност да игра за својот национален тим поради пандемијата со коронавирусот.