24фудбал

Шпанија и Португалија се кандидираа за заедничка организација на СП 2030

Јубилејниот Мундијал во 2030 година ќе одбележи 100 години од првото Светско првенство, а истиот би можел да се одржи на европско тло.

Останато

Шпанија и Португалија официјално ја претставија својата заедничка кандидатура за организација на Светското првенство во фудбал во 2030 година, а тоа се случи за време на нивниот меѓусебен пријателски меч во Мадрид којa синоќа заврши без голови.

Официјалното соопштение беше потпишано од страна на претседателите на владите на обете земји, Антонио Коста и Педро Санчез, во кое беше наведено заедничка борба за добивање на организаторската улога.

Кандидати за домаќини на Мундијалот во 2030 година се уште и Велика Британија и Ирска, односно Аргентина, Чиле, Парагвај и Уругвај.