24фудбал

Откриени трансфер целите на Масимо Алегри

„Кориере дело Спорт“ тврди дека има информација како поминал состанокот меѓу Масилијано Алегри и раководството на Јувентус на тема каков да биде тимот за следната сезона.

Италија

Според италијанскиот весник, синоќа се одржал состанок меѓу Алегри и клубот на кој се ковала стратегијата за настап на трансфер пазарот ова лето.

Примарни желби на Алегри се враќање на Пол Погба и Миралем Пјаниќ со кои работеше додека беше во Јувентус.

Алегри е отворен за продажба на Кристијано Роналдо, тој планира Пауло Дибала и Алваро Мората да бидат стартни напаѓачи за следната сезона, иако договорот на Аргентинецот влегува во последната година од трајноста. Мората ќе продолжи во Јуве на позајмица и следната сезона а клубот може да го направи трансферот перманентен во 2022 за 35 милиони евра.

Но, Алегри сака и еден нов шпиц, неговите желби се некој од Душан Влаховиќ или Мауро Икарди.

Џиџо Донарума останува како можна опција за ангажман иако Алегри се потпира на Војчех Шчесни.

Се очекува заминување на Мерих Демирал, а се следи Никола Миленковиќ од Фиорентина.