24фудбал

На Тевез повеќе не му се игра фудбал: Немав време ниту да тагувам по мојот татко

Карлос Тевез соопшти дека заминува од Бока и најави крај на кариерата, напаѓачот вели дека психички не е подготвен да го даде најдоброто од себе.

Јужна Америка

Карлос Тевез ја напушта Бока Јуниорс, напаѓачот вели дека психички не е подготвен да го даде најдоброто од себе. Популарниот „Апаче“ најави дека става крај на кариерата, но не ја исклучи можноста да му се врати на фудбалот за неколку месеци.

„Ова е еден од најтажните денови во мојата кариера, но задоволен сум со одлуката. Психички не сум подготвен да го дадам најдоброто од себе и чувствувам дека треба да се повлечам“ - вели Аргентинецот.

„За Бока секогаш треба да давате 120% и јас не можам да го правам тоа во моментов. Немав ниту време да тагувам по мојот татко (почина пред три месеци). Веднаш почнав да играм... Сега, морам да се тргнам од теренот и да бидам со семејството“.

„Денес можам да кажам, „Да, се пензионирам“, но можеби по три месеци ќе се разбудам едно утро и ќе сакам повторно да играм. Но нема да играм во Бока, ова поглавје е завршено“.