24фудбал

Вајналдум на мака: Дали да игра во Барса или да одбере двојно поголема плата и преселба во ПСЖ

Џини Вајналдум е во дилема откако во последен миг добил богата понуда од ПСЖ, се шпекулира дека „светците“ на маса ставиле двојно поголема плата од онаа на Барселона.

Шпанија

Холанѓанецот подолго време се најавува како ново засилување на „каталонците“, се очекуваше следната недела да пристигне официјална потврда, но ПСЖ се обидува во последен миг да го украде фудбалерот од срeдниот ред.

ЕСПН синоќа објави дека „светцит“ доставиле предлог кој е далеку поатрактивен од оној на Барселона, а информацијата потоа беше потврдена од уште неколку други добро упатени извори.

Се шпекулира дека ПСЖ на маса ставил плата од 8 милиони евра, што е двојно повеќе од она што Барса го нуди (4 милиони евра).