24фудбал

Силва е жртвата за Грилиш во Манчестер Сити, Атлетико Мадрид „гризе“ за потписот на Португалецот

И повеќе од извесно е дека Пеп Гвардиола ќе прави големи промени во составот на Манчестер Сити за новата сезона, неколку фудбалери се на листата за продажба, а средствата од нивната продажба ќе бидат искористени за нови ѕвезди кои ќе ги кренат „Граѓаните“ едно ниво погоре по квалитетот.

Шпанија

Атлетико Мадрид веќе крои планови за тоа каков ќе биде ликот на тимот за новата сезона, во која влегуваат како бранители на шампионската титула во Примера, а „Јорганџиите“ веруваат дека во зацртаните цели би можел да им помогне Бернардо Силва од Манчестер Сити.

Манчестер Сити сериозно е заинтересиран за Џек Грилиш од Астон Вила, како и Хари Кејн од Тотнем, но за тоа да се реализира потребно е да се продадат неколку фудбалери, меѓу кои и Силва.

Се верува дека со продажбата на Португалецот би можело да се отвори голем простор за Грилиш, а „Франс Фудбал“ пишува дека Атлетико Мадрид е сериозно заинтересиран за услугите на 26 годишниот офанзивец кој немаше стандардно место во составот на „Граѓаните“.

Дека работите во Манчестер Сити се движат во погрешна насока за Силва, доволно говори и статистиката која вели дека во сезоната 2019/20 тој стартувал на 23 меча во Премиерлигата, а настапил речиси на сите 38, а во изминатата стартуваше на 24, а вкупно настапи на само 26 меча.

Силва изминатата сезона ја одбележа со 2 погодоци и шест асистенции во освоената титула на Манчестер Сити во Премиерлигата.