24фудбал

На Рио Фердинанд му направија пранк, го направија херој на Велс (ВИДЕО)

Велшката фудбалска легенда Роби Севиџ му приреди големо изненадување во еден пранк на Рио Фердинанд кој најпрво се изнасмеа, за потоа да почне да објаснува дека сето тоа не се совпаѓа.

Останато

На само една седмица до почетокот на Европското првенство Островјаните си имаат свои претставници во Англија, Велс и Шкотска, а во пресрет на европскиот турнир му беше направено пранк на Рио Фердинанд.

Од официјалниот партнер на Европското првенство „Хајнекен“ посакаа да се прослави ривалството помеѓу селекциите, а за таа намена ја „регрутираа“ поранешната фудбалска ѕвезда на Велс, Роби Севиџ, кој му приреди пранк на поранешниот англиски фудбалер Рио Фердинанд.

Порано ривали на теренот, а денеска блиски пријатели, како и „спаринг-партнери“ во тв емисиите како коментатори на актуелните теми поврзани со фудбалот, Фердинанд беше претставен како херој на Велс, а иако најпрво се изнасмеа на тоа што го виде, потоа веднаш почна да им објаснува дека тоа е знамето на Велс, за еден од присутните да додаде дека така пишувало на интернет.

О, човеку, знамето и јас едноставно не се совпаѓаме, ние не сме исти, јас не сум од Велс, туку од Англија“ рече Фердинанд.

Јас сум прилично сигурен дека на интернет пишуваше дека се работи за Велс“ му одговори еден од учесниците во пранкот, по што Фердинанд додаде да не се грижи, но му порача да ја врати фотографијата, по што влезе Севиџ.