24фудбал

Жиру не сака во Вест Хем, продолжува во Милан

Французинот од поодамна е на излезна врата од Челси, меѓутоа иако имаше можност да остане во Лондон, тој продолжува во Милан каде ќе игра Лига на шампиони во новата сезона.

Италија

Напаѓачот Оливие Жиру е пред трансфер во Милан каде би требало да потпише две годишен договор, а Французинот наводно веќе ги одбил Вест Хем, но и Њу Јорк Сити, од каде исто така имаше интерес за неговите услуги.

Жиру си заминува од Челси како слободен агент на трансфер пазарот од причина што неговиот договор истекува на крајот од овој месец, а „Калчомеркато“ тврди дека тој веќе го одбрал Милан како негов следен предизвик во кариерата.

Италијанскиот медиум додава и дека Жиру се уште верува дека може да има голем импакт на високо ниво и на свои 34 години, а среќен е поради фактот што би играл Лига на шампиони повторно.

Се верува дека Жиру во Милан ќе има годишна плата од близу 4 милиони евра, а бонусите ќе зависат од неговите перформанси.