24фудбал

Ибрахимовиќ го рекламира Донарума кој никако да најде нов клуб: Тој е најдобриот голман во светот!

Мино Рајола кој е агент и на Ибрахимовиќ и на Донарума, можеби побарал услуга од шведскиот фудбалер да каже позитивен збор во медиумите за голманот.

Италија

Донарума не го продолжи договорот со Милан откако росонерите не ги прифатија неговите нереални барања за плата.

Рајола се обидува да го продаде на друг клуб, но засега тешко му оди. Како кандидати се споменуваат Барселона и Јувентус, но се уште нема ништо конкретно.

Ибрахимовиќ кој е исто така клиент на Рајола, во изјава за „Газета дело Спорт“ го пофали Донарума.

„Донарума е најдобриот голман во светот, верувајте ми, тој можеше да биде новиот Паоло Малдини во Милан“, изјави Ибрахимовиќ.

Тој посакува да се комплетира најавениот трансфер на Жиру во Милан.

„Би бил среќен ако Оливие Жиру дојде до Милан, ни требаат такви фудбалери, тој е победник“.