24фудбал

Лапорта не најде подобар тренер па соопшти: Куман останува на кормилото на Барса!

Роналд Куман и следната сезона ќе ја предводи Барселона, попладнево Жоан Лапорта соопшти дека Холанѓанецот ќе ја одработи последната година од договорот.

Шпанија

По неколку недели неизвесност, Жоан Лапорта пресече, Роналд Куман останува на кормилото на Барселона.

Претседателот на „каталонците“ се обиде да најде подобро решение за клупата, Барса се поврзуваше со неколку имиња, но не успа во својата намера па денеска потврди дека Холанѓанецот ќе ја одработи последната година од договорот.

Жоан Лапорта исто така истакна дека во моментов нема да биде продолжен договорот на Роналд Куман, ниту пак ќе се побара од стратегот да ја намали платата. Исто така тој ги демантираше гласините дека му поставиле услов да игра со формација 4-3-3 и да негува поофанзивен фудбал.