24фудбал

Анчелоти со првиот потег кој го повлече може да го навлече гневот на играчите на Реал

Карло Анчелоти веќе почна да носи одлуки како тренер на Реал Мадрид, а првата може нема да биде многу популарна кај фудбалерите, сака да им го скрати одморот за една недела.

Шпанија

Првичниот план кој го имал Зидан бил фудбалерите да се појават на првиот тренинг на 12 јули, но Карло Анчелоти одлучил тоа да се случи една недела порано, подготовките за новата сезона да почнат од 5 јули.

На тренинзите прво би се појавиле фудбалерите кои немаат обврски кон националните тимови, а потоа би се приклучувале останатите во зависност кој кога завршил со настапите за својата репрезентација.

Кратењето на одморот можеби нема да им се допадне на дел од фудбалерите, особено оние кои немаат репрезентативни обврски и планирале да не почнат со тренинзи пред 12 јули.