24фудбал

Интер подготвува изненадување, ќе го продаде Лаутаро и ќе го ангажира Депај

Како што пренесува Спортмедиасет, Лаутаро Мартинез би можел да биде жртвуван ова лето за да се пополни дуплата во буџетот и на местото на Аргентинецот за беспари да пристигне Мемфис Депај, добар пријател на Ромелу Лукаку.

Италија

Се шпекулира дека Интер мора да прибере околу 100 милиони евра од продажба на играчи и дека клубот можат да го напуштат неколку ѕвезди. Се верува дека Ашраф Хакими е најблиску до заминување, за десниот бек сериозен интерес има од ПСЖ, а ситуацијата ја следат уште неколку клубови, помеѓу кои и Челси.

Според Спортмедиасет, Лаутаро Мартинез исто така би можел да биде жртвуван, особено ако Атлетико Мадрид достави понуда од 80 милиони евра која тешко ќе може да се одбие.

Идејата е на местото на Аргентинецот да се ангажира Мемфис Депај, Холанѓанецот би пристигнал беспари, па Интер не само што ќе ја пополни дупката во буџетот, ќе има и пристојна сума за засилувања.

Спортмедасет додава дека Ромелу Лукаку, кој синоќа изјави дека останува, е тој кој притиска за ангажман на Мемфис Депај, со кого е добар пријател. Фудбалерот од Белгија средил директорот Бепе Марота директно да разговара со Холанѓанецот.