24фудбал

Румениге го нападна Алаба: Никој не може да разбере како играч кој заработува 15 милиони не е задоволен со покачување на 19,5 милиони

Карл Хајнц Румениге вели дека клубовите создале демон наречен „трансфер пазар“, повика да се стави лимит на платите и провизиите кои се делат на агентите и го нападна Давид Алаба.

Германија

Карл Хајнц Румениге на крајот од овој месец се повлекува од позицијата генерален извршен директор на Баерн Минхен, во иднина Оливер Кан ќе биде прв оперативец на „баварците“.

Во разговор со Кикер, Карл Хајнц Румениге изрази загриженост за насоката во која се движи фудбалот, вели дека клубовите создале демон наречен „трансфер пазар“ и повика да се стави лимит на платите како и провизиите кои се делат на агентите.

„Сите ние создадовме еден демон наречен „трансфер пазар“... Треба да се запрашаме, „Дали предолго време го управуваме бродот кон ураган и повеќе немаме контрола? Многу клубови од Европа се на работ на егзистенција и бараат помош. Многу клубови во Германија едвај преживуваат... да не ги споменам пониските лиги. Мораме сериозно да разговараме за лимит на платите и ограничување на провизиите на агентите“ – вели Румениге.

Тој потоа додаде: „Тешко дека некој може да разбере како во оваа криза, играч кој заработува 15 милиони евра годишно, не е задоволен со поокачување на платата на 19,5 милиони евра“.

Директорот одби да потврди дали ова е наменето за Давид Алаба, но на сите им е јасно дека се однесува на фудбалерот од Австрија, кој одби неколку понуди од Баерн Минхен за продолжување на договорот и се пресели во Реал Мадрид каде доби годишна нето плата од 12 милиони евра (бруто плата од 24 милиони евра).

„Мораме да најдеме баланс, не смееме да ги заборавиме фановите само поради тоа што ги нема на стадионите година дена. Фудбалот секогаш имал елемент на поврзување“.