24фудбал

Азар е среќен што ќе соработува со Анчелоти

Белгиецот мака мачеше со повредите од самиот трансфер од Челси во 2019 година, меѓутоа сега чувствува дека претстојат добри денови, овој пат под кормилото на Анчелоти.

Шпанија

Ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар е среќен поради назначувањето на Карло Анчелоти за нов тренер на „Кралевите“, а италијанскиот фудбалски стратег доаѓа во добро позната средина за него, во клуб со кој ја освои Лигата на шампионите претходно како тренер.

Сите во Реал Мадрид знаат што донесе Анчелоти во клубот, тој ја освои Лигата на шампионите, а добро ги познава повеќето фудбалери, ние точно знаеме дека се работи за тренер со големо искуство зад себе“ изјави Азар за „РТБФ“.

Анчелоти добро го познава градот, но и навивачите на овој клуб, јас сметам дека ни претстојат навистина убав период со него, можеме да направиме многу заедно“ додаде тој.

Лично не се знам со него, но од тоа што го слушнав од соиграчите, се работи за добра особа кој едноставно сака само да победува, а тоа го посакуваме и сите останати, ќе имаме можност да работиме заедно, тоа е добра вест за мене“ заклучи Белгиецот.