24фудбал

Да имаше ВАР, Мингс немаше да биде испратен во соблекувална, туку во затвор (ВИДЕО)

Многумина останаа зачудени како воопшто Мингс не доби исклучување за тој потег, а стоперот на Астон Вила во друштво на Конор Коуди од Вулверхемптон доби прилика да стартува од првата минута, со оглед на повредата на Хари Мегваер од Манчестер јунајтед, кој се уште е во фаза на рехабилитација.

Останато

Англија со голот на Сака дојде до минимален триумф во контролниот меч на свој терен против Австрија како дел од финалните подготовки за претстојното Европско првенство.

Како што е познато, Герет Саутгејт беше на слатки маки во однос на конечната одлука за списокот на фудбалери, а на истиот се најде и стоперот на Астон Вила, Тајрон Мингс.

Мингс на некој начин избегна казна поради потегот што го стори во казнениот простор на „Гордиот Албион“, тој веројатно би бил исклучен уште во првото полувреме доколку постоеше ВАР технологија на тој меч.

На многумина им беше дојдено до смеа на социјалните мрежи и се чудеа на овој потег на стоперот, меѓутоа веројатно е дека не му беше до смеење на Саша Калајџиќ.