24фудбал

Реал Мадрид го побарал Мурињо пред да го назначи Анчелоти за нов тренер

Раководството на Реал Мадрид се обидело да го врати Жозе Мурињо пред да му ја понуди работата на Карло Анчелоти, пишува „Телеграф“.

Шпанија

Прва желба на Флорентно Перез по заминувањето на Зидан било враќање на Жозе Мурињо. Од клубот стапиле во контакт со Португалецот, но тој ги одбил бидејќи нема смисла да ја напушти Рома која штотуку го назначи.

Мурињо сметал дека е премногу да и го сврти грбот на Рома, а не ни почнал да работи за италијанскиот клуб, па Флорентино Перез се насочил кон втората опција, Карло Анчелоти.

Во последните години неколку пати се шпекулира за враќање на Мурињо во Мадрид, но тоа нема да се случи во блиска иднина.