24фудбал

Анчелоти промовиран: Гледам дека новинарите се исти, изгледа во Реал се менуваат само тренерите!

Карло Анчелоти денеска беше промовиран како нов тренер на Реал Мадрид, стратегот се заблагодари за укажаната доверба и вети дека ќе го даде максимумот.

Шпанија

Карло Анчелоти попладнево се појави пред новинарите откако синоќа беше соопштено дека тој е нов тренер на Реал Мадрид.

„Сакам да му се заблагодарам на Флорентино Перез и Хозе Анхел за укажаната доверба. Знам што значи да се биде тренер на Реал Мадрид, ќе го дадам најдоброот од себе. Во Мадрид очекувањата и одговорноста се огромни, како во ниту еден друг клуб, но го прифаќам ова и ќе го дадам максимумот“ – изјави Италијанецот, кој потоа добро ги насмеа сите.

„Гледам дека новинарите се исти, изгледа во Реал се менуваат само тренерите“.

Едно од првите прашања беше за иднината на Серхио Рамос, кој има договор до 30. јуни и никако да си подаде рака со клубот за продолжување на соработката.

„Знам само дека Реал Мадрид, без разлика со кого во тимот, секогаш ќе атакува на сите титули. Ќе треба да разговарам со клубот за тоа каква е ситуацијата со Серхио. Не го замислував Реал и без Карло Анчелоти, но тоа се случи. Многу брзо се одвиваа работите, преговорите започнаа во саботата, немавме време да разговараме за составаот“.

„Серхио Рамос е многу важен играч, знам дека има преговори, но не ги знам деталите... кога ќе ги знам, ќе можам да кажам нешто повеќе.