24фудбал

Агуеро им подарил часовници на сите луѓе од персоналот на Сити, најсреќниот добил и Рејнџ Ровер од 40.000 фунти (ФОТО)

Кун Агуеро бил прилично дарежлив кон персоналот на Манчестер Сити, сите добиле часовник со посвета а најсреќниот добил и автомобил Рејнџ Ровер вреден 40.000 фунти.

Англија

По десет години поминати на „Етихад“, Кун Агуеро стави крај на авантурата во Премиерлигата и синоќа беше промовиран како ново засилување на Барселона.

Медиумите од „островото“ сега пренесуваат дека Аргентинецот бил прилично дарежлив кон персоналот на Манчестер Сити. Сите добиле часовници од марката Таг Хојер или Убло кои вредат најмалку 1.000 фунти и имало посвета, било изгравирано „Благодарам! Кун Агуеро“.

Била организирана и лотарија, а најсреќниот добил автомобил Рејнџ Ровер вреден околу 40.000 фунти.

Кун Агуеро исто така оставил значително висока сума на пари во купчето кое два пати во годината се дели на помошниот персонал.