24фудбал

Лил ќе му искешира 15 милиони евра на Динамо Загреб за голманот Ливаковиќ

Хрватскиот клуб е на прагот да заработи голема сума на обештетување од трансферот кој се најавува за голманот Ливаковиќ.

Останато

„Спортске новости“ пренесува дека 26 годишниот голман на Динамо Загреб, Доминик Ливаковиќ би можел да ги засили редовите на францускиот првак Лил, кој наводно е подготвен да издвои 15 милиони евра за неговите услуги.

Како што е познато, Лил веќе го продаде својот довчерашен прв чувар на мрежата од голот, Мајк Мењан кој замина во Милан за 13 милиони евра, а се верува дека токму Ливаковиќ ќе биде неговиот наследник во таа екипа.

Хрватскиот репрезентативец ја сочува својата мрежа на 23 натпревари од вкупно 48 сезонава за тимот каде настапува и нашиот Аријан Адеми.

Во Динамо Загреб беа свесни дека интересот за нивниот голман ќе биде голем во летниот преоден рок, особено по неговата блескава партија против Тотнем во Лига Европа, каде хрватскиот клуб го елиминираше Премиерлигашот.