24фудбал

Сакаат ЕСЛ, а аплицираат за ЛШ: Чеферин тврди дека Барселона, Реал Мадрид и Јувентус се парализирале

„Одметниците“ и натаму не отстапуваат од сопствените ставови, а Чеферин вели дека за него чудно е што триото гиганти освен што се залага за Суперлигата, истовремено испратило и апликации за учество во Лигата на шампионите идната сезона, иако постои можност да се соочат со суспензија.

Останато

Барселона, Реал Мадрид и Јувентус влегоа во војна со УЕФА откако цврсто останаа на своите идеи и планови во однос на Европската Супер Лига, од која веднаш по големиот притисок во јавноста се откажаа останатите гиганти.

Првиот човек на европската куќа на фудбалот, УЕФА, Александер Чеферин во интервјуто за „Скај Спортс“ наведе дека триото гиганти веќе се парализирало во фудбалот со постапките и позицијата која ја зазеле.

Тие се парализираа самите себе со пристапот кој го зазедоа, чудно е да се видат сите тие соопштенија од нивна страна, се работи за три клуба од илјадници други кои сметаат дека нивната идеја ќе го спаси фудбалот, а идејата повеќе не им се допаѓа на другите“ рече Чеферин.

Меѓу другото, Чеферин додаде и дека триото гиганти истовремено аплицирало и за настапот во Лигата на шампионите за идната сезона, и покрај нивните активности за формирањето на Суперлигата, односно неотстапувањето од тој проект.

За мене, сево ова е чудно, тие објавуваат соопштенија дека се уште се дел од Суперлигата, а потоа испраќаат писмо за аплицирање за учество во Лигата на шампионите, тешко е да се разбере што сакаат, тие само испраќаат некои соопштенија до нас дека сакаат дијалог, тоа е навистина еден чуден пристап, можат да не побараат за средба, навистина чудна ситуација“ додаде Словенецот.

Триото гиганти во заедничкото соопштение пред една седмица упатија серија критики кон УЕФА поради отворената дисциплинска постапка против нив заради одбивањето да се исклучат од идејата за Суперлигата.