24фудбал

Копа Америка остана без домаќин

Турнирот стартува на 13 јуни, а на неполни две седмици до самиот старт на натпреварувањето, истото остана без домаќин откако откажан е воедни и вториот, Аргентина, но од Конмебол тврдат дека имаат алтернативни опции кои ги разгледуваат.

Јужна Америка

Челниците на Конмебол ќе мораат да пронајдат нов домаќин за Копа Америка, од причина што на две седмици пред самиот старт на тоа натпреварување нема ниту еден домаќин, а беа откажани и двата предвидени, Аргентина и Колумбија.

Колумбија беше откажана од безбедносни причини, откако избија големи нереди во земјата по протестите против претседателот Иван Дуке, а Аргентине поради голем број заразени лица со ковид-19.

Од јужноамериканската фудбалска федерација се одзваа со соопштение во поглед на ситуацијата, а во истото наведоа дека се анализираат понудите од други земји кои прикажале интерес да бидат домаќини на турнирот, со тоа што деталите ќе биде познати наскоро.