24фудбал

Селекторот на Белгија се чуди како Рудигер не добил црвен картон

Германскиот стопер упати јавно извинување до Де Брујне, а во објавата на социјалните мрежи тој посочи дека не постоела намера кај него за да се повреди плејмејкерот на „Граѓаните“, со тоа што додаде дека лично го контактирал Белгиецот и му посакал брзо закрепнување.

Лига на Шампиони

За неполни две седмици еден од главните кандидати за европската титула, Белгија ќе ги одмери силите со Русија во воведното коло од Европското првенство, меѓутоа првата ѕвезда на фаворитот, Кевин Де Брујне се здоби со повреда која доведе до неизвесност околу неговиот настап.

За време на финалето од Лигата на шампионите кое Челси го доби во дуелот со Манчестер Сити, Белгиецот се здоби со напукнатини на носната и јагодичната коска по судирот кој го имаше со дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер, што доведе и до гневна реакција од страна на белгискиот селектор Роберто Мартинез.

Според мене, Рудигер треба да биде среќен, многу среќен, кога ќе ја проследите снимката од таа ситуација, не постои судир со глава помеѓу двајцата“ вели селекторот на Белгија.

Тој практично го остава рамото против Кевин, а горчината од целата оваа ситуација доаѓа откако Рудигер потоа се држи за својата глава, со тоа што сака да покаже дека нешто крие“ додаде тој.

Тоа беше употреба на сила, прекумерна сила, целосно несовесно од страна на Рудигер, тој требаше да добие црвен картон за тој прекршок, Кевин не е фудбалер што паѓа на теренот без причина, можете и самите да ја видите болката и неговото отечено око“ заврши Мартинез.