24фудбал

ПСЖ нема намера да го пушти Покетино, Леонардо го потврди клупскиот став

Маурисио Покетино сака да си замине од ПСЖ, но од францускиот клуб немаат намера да го пуштат и покрај тоа што не ја освоија титулата во Лига 1.

Франција

Покетино потврфли во првите месеци од работата во ПСЖ откако не успеа да ја освои француската лига, заврши зад Лил.

Има инфомрации дека тој побарал од клубот да си замине, се шпекулира дека интерес за него има од Реал Мадрид и Тотнем, но ПСЖ не го пушта.

„Маурисио Покетино има уште две години од договорот тука во ПСЖ и ние сме многу среќни со него“, изјави директорот Леонардо.