24фудбал

Покетино побарал да замине од ПСЖ, стратегот има две понуди на маса

Маурисио Покетино побарал да го напушти „Паркот на принцовите“, стратегот има понуда да се врати во Тотнем но и да го превзеде кормилото на Реал Мадрид.

Франција

На почетокот од годината, Маурисио Покетино му се врати на фудбалот и седна на клупата на ПСЖ, но неговата авантура во Париз може да заврши по само шест месеци.

Неколку извори пренесуваат дека Аргентинецот побарал да го напушти „Паркот на принцовите“.

Стратегот на маса има две понуди, Даниел Леви сака да го врати Маурисио Покетино во Тотнем, а и Флорентино Перез го мерка за наследник на Зинедин Зидан.