24фудбал

Балак на Ибица, девојки танцуваат а тој гледа Челси-Сити на мобилен! (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Челси, Михаел Балак финалето од Лигата на шампионите го следеше во Ибица, и покрај тоа што на сцената имаше танчерки, Германецот не го тргаше погледот од мобилниот телефон.

Лига на Шампиони

Челси синоќа се сретна со Манчестер Сити на „Драгао“ во Порто и со голот на Каи Хаверц стигна до триумф во Лигата на шампионите.

Мечот со особено внимание го следеше и поранешниот играч на „сините“, Михаил Балак. И секако ова ќе беше сосема нормално доколку Германецот не беше во ноќен клуб на Ибица, каде на сцената имаше танчерки а тој не го тргаше погледот од мобилниот телефон.