24фудбал

Маунт: Ние сме најдобриот тим во светот

22-годишниот Мејсон Маунт ја имаше асистенцијата за погодок по кој Челси го победи Манчестер Сити и стана шампион на Европа.

Лига на Шампиони

Маунт од 6 години е член на Челси, тоа е неговиот прв клуб во животот, таму почна да игра, ги помина сите категории и со сините дојде до врвот на Европа.

Тој синоќа одигра фантастична партија, а беше и асистент за погодокот на Хаверц.

„Не можам да опишам со зборови. Невозможно е. Само ќе кажам дека со Челси имам загубено две финилиња и тоа боли... но отсекогаш сум сонувал да освојувам трофеи со Челси. Да го изодиме тој целиот пат во Лигата на шампионите... одигравме некои тешки мечеви, со тешки тимови, дојдовме до финалето и победиме. Какво посебно чувство“, вели Маунт.

„Во овој момент ние сме најдобриот тим во светот. Никој не може да го земе тоа од нас“.

„Манчестер Сити е страшен тим, видете што направија во Премиерлигата. Ова беше тежок натпревар. Дадовме гол, се браневме цел натпревар и победиме. Што можам друго да кажам?“.

„Неверојатно е. Татко ми само што се симна од трибината. Прснав во солзи кога го видов. Благодарен сум на мојата фамилија за се“.