24фудбал

Тухел: Ова е неверојатно, уоу, чувството не се опишува

Тренерот на Челси, Томас Тухел е пресреќен поради освоената титула во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Германскиот стратег не ја почне сезоната со Челси, но ја заврши на спектакуларен начин. Ги доби сите големи натпревари, дури трипати славеше над Пеп, вечерва го победи и на најважниот меч и ја освои Лигата на шампионите.

„Ова е неверојатно. Успеавме. Уоу. Не можам да опишам како се чувствувам“, вели возбудениот Томас Тухел.

„Преблагодарен сум што дојдов по вторпат до финалето. Се чувствував поинаку. Чувствував дедка сум поблиску“.

„Фудбалерите беа посветени да го освојат овој трофеј. Сакавме да бидеме камче во нивниот чевел. Ги бодревме сите да истапат, да бидат похрабри и да креираат опасни контра-напади“.

„Ова беше тежок физички натпревар. Требаше сите да си помагаме меѓусебе, тоа и го направивме“.